Пејачот на поп-групата Марун 5, Адам Ливајн и неговата сопруга, намибиската манекенка Бехати Принслу го купија имотот во кој живееја Бен Афлек и Џенифер Гарнер пред да се разведат. Цената изнесува 32 милиона долари.

Целиот имот зафаќа 12.545 квадратни метри и вклучува три големи куќи, базен, гимнастичка сала, кошаркарско игралиште, уметничко студио и домашно кино. Се наоѓа во Пасифик Палисејд, познатата крајбрежна населба во Лос Анџелес.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер го привршија разводот лани во ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 01:17