Пожар избувнал околу полноќ на првиот кат од куќата на С.С. (72) на ул.„Ѓорги Поп Христов“ во Скопје, која била извадена надвор од страна на нејзините соседи од вториот кат Ф.M (20) и М.M. (28).

МВР информира дека според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита 20 минути по полноќ. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М.им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 13:52