Двајца охриѓани вчера биле нападнати од куче на улицата „7 Ноември“ во Охрид.

СВР Охрид соопшти дека околу 16 часот В.Т. (53) била нападната од кучиња сопственост на В.Б.(38) од Охрид. Притоа, И.М.(50) се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат.

Двете лица, како што е наведено во соопштението, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против сопственикот на кучињата В.Б ќе поднесе соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 15:47