По веста дека Интер ќе го привлече Диего Годин како слободен агент во летниот трансфер прозорец, сега „нероазурите" размислуваат да направат уште еден силен трансфер, без да мора да платат ни евро.

Италијанските медиуми јавуваат дека Интер ќе се обиде да го засили нападот со ветеранот на Баерн Минхен, Арјен Робен, чиј договор со баварците истекува по крајот на сезоната.

Холанѓанецот, кој ќе наполни 35 години на крајот на месецот, игра за Баерн од 2009-та година, а пред тоа го носеше дресот на Реал Мадрид, Челзи и ПСВ Ајндховен.

Личното опкружување на Робен контактирало со раководството на Интер за да го понуди играчот на италијанскиот гигант.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 16:08