Суд во јужна Кина го осуди на смрт мажот кој повреди 12 деца во напад со нож во градинка, јави денеска кинеската државна телевизија.

Насилни злосторства се реткост во Кина, но во последните години се регистрирани низа напади со ножеви и секири, од кои многу биле извршени врз деца.

Кинеската Централна телевизија (ЦЦТВ) потсетува дека во јануари 2017 Кин Пенган избоде со нож за зеленчук деца во градинка, но ниту едно дете не им подлегна на поврeдите.

Локалниот суд во градот Пингџианг во јужната кинеска покраина Гуангџи го осуди Кин на смрт, а пресудата била изречена во петокот, откако ја одобрил Врховниот Народен суд на Кина, пренесува ЦЦТВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 04:35