Францускиот премиер Едуард Филип во интервјуто за телевизијата ТФ1 најави „нов закон“ со кој ќе бидат заострени санкциите против „насилниците“ и најавените протести, јави дописникот на МИА.

Тој, исто така, истакна дека следната сабота ќе бидат мобилизирани 80.000 припадници на силите на редот за натамошна мобилизација на движењето на „жолтите елеци“.

Филип нагласи дека имало повеќе од илјада пресуди и над 5.600 мерки притвор од почетокот на движењето.

– Не можеме да прифатиме дека некои луѓе ги користат овие протести за да се кршат и да палат. Понекогаш доаѓаат да кршат, да пљачкосуваат, понекогаш да ги оспоруваат институциите, додаде францускиот премиер.

Тој притоа увери дека насилниците „нема да го имаат последен збор“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 10:59