Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти.

Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.

Напаѓачот е уапсен, а инцидентот се случил во 11 часот по локално време. Кинеските медиуми наведуваат дека тој бил вооружен со нож, а очевидци тврдат дека имал и чекан в рака.

Директорот на училиштето им кажал на родителите дека осомничениот е незадоволен поранешен работник кој бил отпуштен, а работел како домаќин во училиштето..

Полицијата засега не ги откри мотивите за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 11:09