„Самсунг Електроникс“ очекува пад на профитот во четвртиот квартал од 2018 година за 29 отсто во однос на истиот период претходната година.

Причина за очекуваниот пад на профитот е намалувањето на побарувачката на анроид телефони и мемориски чипови, пред се во Кина, која бележи забавен економски раст.

Проценките на „Самсунг“ се дека оперативните приходи за тој квартал ќе бидат 10.800 милијарди вони (9,7 милијарди долари), што е за 29 отсто помалку отколку една година претходно. Тоа е значително поголем пад од очекувањата на аналитичари.

Вкупните приходи на компанијата може да бидат 11 отсто помали во однос на една година претходно и да изнесуваат 59 милијарди вони (52 милиони долари).

Изминатите години приходите и профитот на компанијата силно се зголемија благодарение на побарувачката за мемориски чипови за мобилни уреди.

„Самсунг“ очекува намален профит и во првото тримесечје од 2019 година, поради слаба побарувачка и јакнење на конкуренцијата. Намалената побарувачка, особено во Кина го притисна целиот технолошки сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 11:15