Турција ќе побара од американските претставници, САД да и ги предадат своите воени бази во Сирија или да ги уништат, објави турскиот весник „Хуриет“.

Тоа барање може да ги усложни дополнително преговорите за повлекувањерто на американскиуте сили од Сирија.

Минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги повлече американскит сили од Сирија, прогласувајќи дека успешно е завршена мисијата за уништување на групата Исламска дежава (ИД).

Таа одлука беше изненадувачка за многу сојузници на САД, а поради незадоволство од неа, оставка поднесе американскиот министер за одбрана Џејм Матис.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 13:08