Претседателот на Кина Си Џинпинг и севернокорескиот лидер Ким Џонг Ун денеска се сретнаа во Пекинг, јави јужнокорејската агенција Јонхап повикувајќи се на неименувани извори.

Агенцијата наведува дека Ким и Си разговарале околу еден час за начините за усогласување на нивните ставови воочи можниот самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие разговарале и за зајакнување на меѓусебните врски во време кога овие две држави одбележуваат 70 години од воспоставување дипломатски односи.

Севернокорејските и кинеските државни медиуми се уште не информирале за средбата, наведува агенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2019 17:01