Пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар вчера дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица.
– Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица, информираат од МВР.
Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана.
Полицијата привела четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.