Пентагон го информира американскиот Конгрес оти не нашол докази за наводите дека арапските сојузници, поддржани од САД, злоставувале затвореници во Јемен.

Станува збор за извештај на Пентагон доставен до Конгресот минатиот месец, а кој сè уште не е официјално објавен, врз основа на барање на конгресмени по наводите на група за заштита на човековите права, за сексуална злоупотреба и други форми на малтретирање на затвореници во Јемен.

Извештајот на Пентагон ги потврдува претходните соопштенија дека американските војници никогаш не учествувале во злоупотребата на затвореници, ниту присуствувале на малтретирање од страна на арапските сојузници во Јемен.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 10:08