Јавни личности интелектуалци, активисти и организации од граѓанското општество од просторот на поранешна Југославија упатија отворено писмо до функционерите на Европската унија, во која предупредуваат дека политиката на затворени граници кон луѓето во движење, како што ги нарекуваат мигрантите и бегалците, за последица може да има зголемување на фашизмот.

Подемот на крајната десница во европските земји ги влошува животните услови и се повеќе ги загрозува животите на луѓето во движење, наведуваат тие во писмото.

„Тврењето дека темелни вредности на ЕУ се почитување на човековото достоинство и човековите права, слободи, демократија, еднаквост и владеење на правото се доведени во прашање во последните неколку години“, се нагласува во писмото.

Во него се вели дека голем број од потписниците на апелот доаѓаат од простор неодамна разорен во војните во поранешна Југославија, поради што се „должни да нагласат“дека сегашните национални влади на периферијата на ЕУ би требало да дејствуваат во согласност со насоките од Брисел.

Граѓаните на ЕУ, како и граѓаните на оние земји кои се надеваат дека ќе станат членки на ЕУ, повикуваат на враќање кон изворните вредности на кои почива Унијата и промоција во своите земји и бараат да сите да станат и пружат отпор, кој ќе „биде посилен од границите кои ги градат владите на нивните држави“.

„Сакаме да предупредиме, со оглед на искуство на вистински доживеана војна, но и тешки повоени години, дека токму таквото однесување кое бирократијата на ЕУ го покажува сега овозможи распаѓање на Југославија и војните на тој простор. Освен тоа, тоа е плодно тло за искористување на трауматизираните и сиромашните, дехуманизација на жртвите од војната и подем на воените профитери, на сличен начин што се случува сега, се наведува во апелот со повикот да се смени политиката на милитаризација и затворање на границите на ЕУ.

Тие ги повикуваат граѓаните на Унијата да извршат притисок на своите влади преку масовни протести на улиците, јавно заговарање, подесување петиции и акции со цел промена на ЕУ каква што е сега, што е можно да се направи само преку искажување солидарност со луѓето кои сонуваат за подобар живот во Европа.

„Ги повикуваме владите на земјите членки на ЕУ да ја преиспитаат својата актуелна политика на затворени граници и нивното плаќање на државите кои не се членки да спроведуваат режими на границите кои се во спротивнсот со демократските начела. Во овој момент со тоа овозможуваат воспоставување авторитарни режими на периферијата на Европа и давање повеќе моќ и легитимитет во крајната десница во рамките на самата ЕУ“, се наведува во апелот кој досега го потпишаа 67 заштитници на човековите права и 13 групи и организации од просторот на некогашна Југославија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 10:12