Вкупниот број на полициски службеници во ЕУ во 2017 година изнесувал 1.643.000 лица, што претставува намалување за речиси три проценти во споредба со 2010 година, покажува анализа на европската статиситчка агенција Евростат.

Освен тоа, значително се зголемил и бројот на жени полицајки, а нивниот удел достигнал 21 процент во 2017 година или приближно околу 350.000 дами во полициска униформа. Во 2010 година, нивниот број бил околу 270.000 или 17 отсто од вкупниот број полицајци во ЕУ.

Во анализата е наведено дека постојат прилично големи диспропорции во земјите на ЕУ по бројот на чуварите на редот.

Просекот на ЕУ е 318 полицајци на 100.000 жители или еден полицаец на 314 жители.

Највисок удел на полицајци на 100.000 жители е забележан во Кипар – 573, Малта – 505, Грција – 492, Хрватска – 490 и Латвија – 450.

Најмалку полицајци на 100.000 луѓе, пак, се регистрирани во Унгарија – само 90, Финска – 140, Данска – 180 и Шведска – 200.

Што се однесува на државите на нашиот регион, бројот на полициските службеници е следен: во Романија 52.000 или 260 полицајци на 100.000 лица, во Грција – исто 52.000 или 492 на 100 илјади, Србија – 42.000 полицајци или 620 на 100 000, Македонија – 10.000 или 522 полицајци на 100.000, Турција – 380.000 полицајци или 510 на 100.000 и Бугарија – 23.000 полицајци или 335 на 100.000 жители.

Земјите-членки на ЕУ на различен начин го организираат чувањето на редот и спроведувањето на законот, во согласност со нивните национални потреби, приоритети и ресурси. Поради овие причини постојат и диспропорции од речиси пет пати во бројот на полициски службеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 10:24