Возот со Ким Џонг-ун замина од Пекинг, каде што лидерот на Северна Кореја престојуваше во дводневна посета. Тој имаше средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се претпоставува дека зборувале за можен втор Самит на САД и Северна Кореја, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Ким пристигна во Пекинг вчера и имаше едночасновна средба со Си. Потоа кинескиот претседател приредил свечен дочек за Ким, кој вчера наполни 35 години.

Севернокорејскиот лидер денеска посетил фармацевтска компанија во Пекинг и ручал со кинескиот претседател пред да се упати кон железничката станица, наведува ДПА. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја потврди средбата меѓу лидерите на Северна Кореја и Кина, но не соопшти други детали.

Дел од западните медиуми наведуваат Ким не бил виден во возот, но се претпоставува дека се качил во Пекинг и се упатил кон источниот дел на Кина и границата со Северна Кореја. КЦНА претходно објави дека Ким во Пекинг допатува со својата сопругата Ру Сол-ју и неколкумина високи функционери.

Ова беше четврта посета на Ким на Кина во последната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 10:51