Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело криумчарење златен накит.
Како што соопшти денеска службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари.
– Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, се подвлекува во соопштението.