Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Г.Д.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопштуваат од МВР, во периодот од 6 јануари до 8 јануари 2019 година пријавениот со употреба на сила влегол во продавница за мобилни телефони на улица „Јане Сандански“ во Прилеп и одзел кутија со мобилни телефони, како и друга галантерија за мобилни телефони, по што побегнал.

-По пријавување на настанот, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случајот. На 08.01.2019 година бил извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени украдените предмети со вкупна вредност од 396.350 денари. Исто така, покрај предметите од ова кривично дело, при претресот бил пронајден лап топ, кој бил пријавен за украден на 5 јануари 2019 година. Пријавениот, кражбата ја извршил во продажен салон на улица „Кеј 1 Мај“ во Прилеп во периодот од 4 и 5 јануари 2019 година, се подвлекува во соопштението.

Сите украдени предмети се вратени на сопствениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 12:37