Вебер изјави дека сите мораат да увидат дека договорот за повлекување закажан за 29 март, „ќе доведе до тешка, можеби и многу хаотична ситуација“.

– Сега на потег е Британија. Нашите колеги од Долниот дом на британскиот Парламент сега носат голема одговорност – договорот е на маса, изјави германскиот конзервативец.

Вебер изјави дека сите мораат да увидат дека Брегзит без договор „ќе доведе до тешка, можеби и многу хаотична ситуација“.

Британски пратеници денеска ја започнаа петдневната расправа по договорот за Брегзит постигнат меѓу Брисел и Линдон, во пресрет на гласањето по текстот предвидено за 15 јануари.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, а посотјат стравувања дека тоа може да се случи без договор за идните односи меѓу Обединетото Кралство и Унијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 13:52