Речиси цела Централна Европа е под снежни наноси, при што некаде покривката е дебела и до два метра, па телевизиите и интернетот се преполни со снимки од невремето, како и од спасувачу операции на завеани лица.
Скај Њуз објави видео од спасување на еден скијач на планина во Франција со помош на хеликоптер. На снимката, леталото со предниот долен дел буквално се потпира на снежен гребен, при што клучни за успешната мисија се умешноста и снаодливоста на пилотот.
Потфатот е доста комплексен и она што го направил пилотот е речиси невозможно, сметаат познавачите во изјави за Скај Њуз.