Во последниот месец од минатата година на Тетовското подрачје регистрирани се вкупно 84 сообрќајни несреќи, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, посочувајќи дека во нив нема загинати лица, пет лица се со тешки телесни повреди, 31 лице со лесни, а во 54 сообраќајни несреќни предизвикани се само материјални штети.
Полициските податоци покажуваат дека 57 несреќи се случиле во населено место, а 27 на отворен пат. Најголем дел од случаите во градот, односно 45, се случиле на тетовските булевари „Илинденска“, „Видоја Смилевски – Бато“ и „Маршал Тито“ додека кај несреќите надвор од населените места предничи делот од автопатот Гостивар – Тетово – Скопје каде биле забележани 23 сообраќајни несреќи.
Најчести причина за несреќите, особено за оние со најтешки последици се непочитување на првенство, што е регистирано во 16 случаи. Во 15 случаи дошло до сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина односно пребрзо возење, а поради неправилно вршење дејствие се случиле осум несреќи.
Во минатомесечните сообраќајни несреќи учествувале вкупно 129 патнички возила.