Поранешниот директор на американската разузнавачка агенција ЦИА, Дејвид Петреус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „најголем подарок“ за НАТО уште од времето на Студената војна.
– Русија успешно вдахна нов живот на НАТО, давајќи причина да ја зголеми воената експанзија во Источна Европа и да го зајакне американското упориште на европскиот континент, истакна генералот во пензија Петреус.
Тој потенцира дека Русија и даде на Северноатлантската алијанса „нова причина за живот“.
Петреус на меѓународната конференција во Њу Делхи наведе дека Москва предизвикала НАТО да распореди повеќе трупи и авиони во Источна Европа и во балтичките држави, како и да воспостави нови командни места во тој регион.