Најмалку шест војници загинаа и 12 се повредени во напад со беспилотно летало врз воена парада во јужен Јемен, соопштија болнички извори.

Меѓу жртвите има офицери и локални функционери.

Цел на нападот, кој го извршиле бунтовниците, била базата Ал-Анад која е најголема во Јемен, и која претходно ја користеле припадници на американските специјални единици кои се бореле против џихадисти на Ал Каида во Јемен.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 11:47