Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и против Д.Г. (26) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

С.Ѓ. и Д.Г. на 23.12.2018 година на улица „Маршал Тито“ во Виница, нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 17:29