Неколку десетици фоки се насукаа во канадскиот град Родиктон-Бјад Арм на островот Њуфаундленд, блокирајќи го сообраќајот и влезот во домовите и фирмите во тој град.

Две фоки веќе се угинати откако ги удрил автомобил, а се стравува дека останатите ќе угинат од глад.

Фоките се насукале откако водата замрзнала, што им оневозможило да се вратат во океанот.

Според канадскиот закон, забрането е да им се приоѓа на фоките.

– Изгледа како да сме поплавени, изјави градоначалничката Шејла Фицџералд за Си-Би-Ес Њуз, додавајќи дека фоките се наоѓаат на патиштата, во дворовите, на паркинг местата, на влезните врати, пред канцелариите.

Градскиот совет побара помош од канадските власти и се надева дека Секретаријатот за рибарство и океани ќе интервенира и ќе ги спаси фоките.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 18:34