Рускиот државен медиумски регулатор денеска соопшти дека британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си објавил содржина што ги пропагира идеите на една терористичка група, поради што повел истрага за тоа дали телевизијата ги прекршила законите на Русија.

– Во тек се проверки за да се утврди дали сајтовите на Би-Би-Си работат во согласност со руските закони. До сега е откриен материјал што ги пренесува идеолошките принципи на една терористичка група, се вели во соопштението.

Во соопштението на рускиот регулатор не е наведено за кој материјал станува збор, но според западни медиуми, се работи за содоржина во која е цитирана изјава на лидерот на џихадистичката група Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал-Багдади.

Би-Би-Си, кој има сервис и на руски јазик, од своја страна тврди дека целосно ги почитува законите на Русија.

Москва минатиот месец најави дека ќе започе истрага против Би-Би-Си „како одговор на притисокот што го врши Лондон“ врз медиумите во Велика Британија финансирани од Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 18:55