Перу го повлече и последниот дипломат од Венецуела, каде денеска реизбраниот претседател Николас Мадуро положи заклетва за почетокт на неговиот втор претседателски мандат.

Перуанското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквата одлука е донесена „во знак на протест поради нелегитимниот“ втор шестгодишен мандат на Мадуро.

Перу, исто така, нема да му дозволи на Мадуро и 100 лица поврзани со него или неговата Влада да влезат во државата, се додаво соопштението на Министерството.

Мадуро денеска го почна вториот мандат и покрај критиките од меѓународната заедница за неговиот реизбор.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 00:30