Тим археолози минативе неколку години, го истражуваат наоѓалиштето во областа Корнвол, каде што се наоѓа Тинтагел замокот, за којшто се верува дека e на кралот Артур, за кого пак, легендата говори дека владеел некаде меѓу петтиот и осмиот век.

Новите податоци говорат дека тимот открил темели од сала долга 22 метра, што е показател дека тука имало дом на некој моќен владетел. Дали тоа бил Артур – науката допрва треба да докаже.

Тоа дека кралот Артур бил роден во Тинтагел, е запишано во „Историјата на кралевите на Британија“ на езуитскиот свештеник Џефри од Монмутс, од 12. век. Тоа е основа за сите приказни за овој легендарен херој кој наводно ја спасил неговата земја од инвазијата на старогерманските племиња.

Поради таа приказна, местото привлекува илјадници туристи. Но, самиот замок е изграден подоцна од претпоставениот период кога владеел Артур, во 13. век, во времето на ерлот Ричард од Корнвол, кој бил инспириран од легендата.

Археолошките наоди потврдуваат дека местото имало значајна улога и за древната римска, но и за англосаксонска Британија потоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 16:22