Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон денеска најави дека разговорите на претставниците на американската и турската војска кои се однесуваат на Курдите во Сирија ќе продолжат следната недела, во надеж дека ќе доведат до взаемно прифатлив договор.

Болтон, гостувајќи во радио емисија, нагласи дека и претседателот Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео „сфаќаат дека Турција е посветена на тоа да не им наштети на Курдите кои беа дел од коалицијата против Исламска држава“.

– Тоа што сакаме да го постигнеме преку овие директни разговори на претставниците на двете војски е и дополнителна безбедност и конкретни протоколи и процедури со кои сето тоа полесно ќе се спроведе на терен, истакна Болтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 16:46