Членови на германската влада повторно овие денови биле приморани да менуваат планови поради дефект на владини авиони, откако германската канцеларка Ангела Меркел во декември пропушти почеток на самитот на Г-20 во Аргентина поради дефект на владиниот авион.

Во најновиот случај министерот за помош на држави во развој, Герд Милер поради слична причина остана во Замбија неколку денови подолго од предвиденото и бил приморан да откаже посета на Замбија, јавија денеска германски медиуми.

– Тие дефекти имаат огромно негативно влијание врз Германија како хај-теч нација. Таа серија дефекти мора да престане, изјави Милер.

Во тој случај, ситуацијата е особено чувствителна бидејќи и на вториот авион што од Германија бил испратен за Замбија му бил детектитран дефект и пронајдена „грешка во системот“.

Милер и неговите соработници сега Замбија ќе ја напуштат со редовна линија. Двата расипани авиона ќе останат засега во Африка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 18:09