Три лица загинаа и 23 се повредени во сообраќајна несреќа во Отава откако градски автобус удри во автобуска станица во градскиот кварт Вестборо.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон рече дека двајца патници и човек кој чекал на станицата ги загубиле животите во „ужасната“ несреќа.

Четиринаесет повредени луѓе се во критична состојба.

Сообраќајката се случила околу 16 часот по локално време. Двоспратниот автобус бил полн со патници во моментот на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 12:13