Неколку луѓе се повредени во експлозија при истекување гас во продавница за бели пецива во Париз. Експлозијата била причинета по пожар во магацин на продавницата.

Голема материјална штета е предизвикана на околните објекти и на местото на инцидентот се многу возила на пожарникарите и на итната медицинска помош, јавија француски медиуми.

Експлозијата се случува во туристички реон на Париз додека во главниот град има распоредено голем број од силите за безебедност заради новите протести на Жолтите елеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 13:24