Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека опозициските сили не може да ја раководат државата бидејќи немаат ниту програма ниту лидер.

Мадуро рече дека повикот на претседателот на венецуелскиот Парламент, Хуан Гуајдо за органзиирање масовни протести е „обид за дестабилизирање на државата“.

Претходно, Гуајдо рече дека Уставот на Венецуела му дозволува да ја врши функцијата претседател и ги повика граѓаните да излезат на масовни протести на 23 јануари.

САД ги поддржуваат напорите на Парламентот во Венецуела и неговиот претседател насочени против претседателот на државата Николас Мадуро.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 14:59