Американскиот претседател Доналд Трамп демантираше дека нема стратегија за прекин на делумната блокада на работата на федералната Влада на САД, но не отркива за каква стратегија станува збор.
Во интервју за Фокс, Трамп рече дека „нема идеја“ дали може да обезбеди договор со претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси која се противи на неговото барање за изградба на ѕид на границата кон Мексико.
Спорот околу финансирање на тој ѕид, за кој Трамп бара 5,7 милијарди долари, е главна причина за блокадата на работата на Владата.
Трамп и понатаму не исклучува воведување вонредна состојба со што би можело да се одобри изградбата на ѕидот без одобрување од Конгресот. Запрашан зошто досега не прогласил вонредна остојба, Трамп изјави дека сака да му даде шанса на Конгресот „да се однесува одговорно“.