Две лица се ранети синоќа при престрелка пред популарен трговски центар во градот Солт Лејк Сити во американската сојузна држава Јута.

Како што соопшти полицијата, при инцидентот се ранети еден 20-годишен маж, кој се наоѓа во критична состојба и едка 20-годишна жена, која се здобила со сериозни повреди.

Полицијата трага по три лица осомничени за поврзаност со престрелката, која, според полициски извори, не е исклучено да претставува пресметка меѓу криминални банди.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 10:06