За домашните политичари Евростат стана извесен ноќен кошмар бидејќи во своите извештаи постојано разоткрива неуспеси за нивните политки и незавидна состојба во која е Хрватска на дното на Европската унија.

За граѓаните на државата тоа е најпрецизен начин на согледување на пропаста со која се соочуваме и која стотици илјади луѓе ги поттикна да побегнат од Хрватска во потрага за подобар живот.

Требаа неколку години од влезот на Хрватска во ЕУ сите релевантни подаотцви од државата да станат дел од статистиката на Евростат, основан во 1953 година. Затоа одлучивме да направикме мал преглед на најважните статистики на Еворстат и извештаи за 2018 година.

Во 2016 година во Хрватска имало 26 отсто невработени млади луѓе кои биле подготвени да се преселат во друга држава од ЕУ со што заедно со Естонија е на водечко место во ЕУ. Следува Словенија со 25 отсто невработени од 20-34 години подготвени да се преселат во други држави за да се вработат.

Најмал таков удел е забележан во Британија и во Ирска – пет отсто. Тие податоци се важни бидекји објаснуваат голем пад на невработеноста во Хрватска во оваа година – тоа не се случило заради нови работни места туку невработени заминале вон Хрватска, најмногу во Германија и во Ирска.

Според податоци на Евростат, Хрватска е претпоследна меѓу членки на ЕУ по број на деца кои користат т.н. услуги за формална грижа за деца до 12 години како – градинки, јасли, дневен престој, посета на медициски лица и разни други активности осмислени за деца.

Најмалку деца во ЕУ користат услуги на формална грижа во Летонија (еден осто) додека во Хрватска – два отсто. На прво место е Данска – 86 отсто, Шведска – 70 отсто и Велика Британија 65 отсто. Проблемот со тоа се научни истражувања што покажуваат дека деца кои не одат во градинка имаат помали шанси за успех во животот и тоа што социјализацијата од тој вид има позитивно влијание врз детскиот развој. Тоа значи дека неразвиен претшколки систем значи и дека ќе произведува илјадници идни келнери и келнерки и слични нискоквалификувани работници. Немање добро организирана претшколска нега значи и дека на многу жени им е тешко да усогласат мајчинство и кариера што допонилнително го уназадува во општетсвото во Хрватска.

Хрватска е меѓу најлошите во ЕУ според проценки за здравјето на жителите. Според Евростат за 2016 година, во Хрватска дури 18,7 отсто луѓе постари од 16 години го оцениле своето здравје како лошо или многу лошо со што државата е на дно на листата во Европа.

Најголем дел популација постара од 16 години која оценила свое здравје како добро или многу добро е во Ирска – 82,8 отсто, потоа Кипар – 78,7 отсто, Холандија 75,9 отсто…Од друга страна, еден од пет лица постари од 16 го оценила своето здравје како лошо или многу лошо во Хрватска.

Хрватите се претпоследни на листата на нации од ЕУ кои може да си дозволат една недела одмор вон својот дом.

Според Евростат, за 2017 година Романија е последна на таа листа со 64,8 отсто нејзини жители кои не можат да си дозволат одмор. По неа е Хрватска со 58,1 отсто жители кои не можат да си дозволат една недела годишен одмор вон домот.

За споредба, само 22,8 отсто жители на Словенија не можат да си дозволат одмор една недела надвор од домот.

Евростат објави и податоци кои покажуваат опаѓачки тренд на опасност за сиромаштија и општествена инклузија во држави ов Европа, со тоа дека Хрватска оди во спротивна насока.

Во Хрватска живеат 27,9 отсто луѓе на раб на сиромаштија или социјална инклузија што е 1,2 милиони луѓе. Со тие бројки е во врвот на европски држави со голема опасност од сиромаштија.

Евростат покажува и дека Хрватите се најслаби конзументи на култура во Европската унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 10:40