Едно лице е повредено при нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во струшкото село Мислешево.

СВР Охрид соопшти дека вчера во 16 часот, 37- годишниот А.Ф. од Струга најпрво ја скршил фискалната каса во угостителскиот објект, а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот.

– Притоа, со телесни повреди се здобил Т.Л. ( 51 ) од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава, стои во информацијата на СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 15:15