Американскиот актер Мет Дилон пристигна во српскиот филмски град Дрвенград-Кустендорф, изграден од познатиот познатиот режисер Емир Кустурица, каде што се одржува 12. Филмско-музички фестивал. Глумецот беше пречекан лично од домаќинот и од голем број новинари.

– Првпат имам ваков дочек некаде и нависина е убаво… Овој фестивал е прилично неконвенционален. Мал е и тоа ми се допаѓа. Не е безличен. Добро е тоа што доаѓаат студенти и млади лица, истакна Дилон синоќа, кој во Дрвенград пристигна со автомобил.

За себе вели дека не е филмска ѕвезда, туку нормална личност, „како и сите останати”. Посебно беше изненаден од обичајот да се одбележи Православната Нова година.

Дилон денеска ќе организира работилница за студенти и млади автори по проекција на филмот „Аптекарот каубоец“ на Гас ван Сант.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 16:11