Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави денеска дека Европската унија ризикува да доживее колапс доколку не најде заеднички став за мигрантите.

– Ако продолжиме без заеднички пат, ризикуваме да ја уништиме европската зграда, рече Конте на прес-конференција на која зборуваше за средбата со еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, во Рим.

Аврамопулос разговараше и со заменик-премиерот и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој одбива да дозволи пристап на бродовите со мигранти на италијанските пристаништа.

– Ние му претставивме на Аврамопулос што Италија направи досега. Ние сме носители на промените на правецот кој носи успех. Италија е препуштена сама на себе и сама се носи со тој проблем, истакна италијанскиот премиер Конте.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 18:03