Влезната врата и ѕидовите на зградата каде што е сместена Општината Аеродром изминатата ноќ биле исфарбани со црна боја. Вандализмот во МВР го пријавиле вработени во општината кога утрово дошле на работа. Полицијата извршила увид, но засега не соопштуваат детали, освен дека на вработените им било дозволено да влезат во работните простории. Веднаш по увидот вработените почнаа да го чистат влезот, пренесе дневниот весник Независен.

Од Општината Аеродром информираа дека со црна боја е исфарбана само надворешноста на објектот, а вандалите не се обиделе да влегуваат внатре во општинските простории. Пред зградата има камери, а Општината има ангажирано и чуварска служба.

„Во моментов сите сме на работните места и се тече вообичаено“, велат во Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 02:52