Полицијата вчера околу 22:40 часот пронашла марихуана при претрес на патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки во гостиварското село Топлица и при личен преглед на лицата А.Ф.(30) и Е.А.(23) кои биле во возилото.

Како што информира МВР, А.Ф. и Е.А., двајцата од од селото Добридол, биле биле лишени од слобода и задржани во полициската станица Гостивар, а одземената марихуана била дадена на вештачење.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 12:25