Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, од говорницата на Европскиот парламент, утрово го поздрави враќањето на Западниот Балкан во центарот на европските преокупации и ја истакна важноста од решавањето на спорот за името во овој контекст.

Себастијан Курц утрово се обрати пред европските пратеници во Стразбур во рамки на дебатата за австриското претседателство на ЕУ, што се одржа во последните шест месеци од 2018 година. Канцеларот ги наброја постигнувањата и приоритетите на неговото претседавање и им се заблагодари на сите европски институции.

Говорејќи за третиот приоритет на австриското претседателство – соседската политика, Курц рече дека “како Австриец сум многу благодарен што Западниот Балкан се врати во центарот на преокупациите на ЕУ“.

-Многу е важно да имаме силни држави на Западниот Балкан, беше многу важно да се реши спорот за името на Македонија, како и спорот меѓу Србија и Црна Гора, тоа е многу важно за европската перспектива, рече Курц.

Канцеларот се заблагодари за бугарското претседателство кое, како што рече, “отвори нова ера на давање поголема важност на Западниот Балкан.“



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 12:26