Американскиот претседател Доналд Трамп го одби предлогот на републиканскиот сенатор Линдзи Грахам за времено дебокоирање на работата на федералната администрација, останувајќи цврсто на својот став дека мора од буџетот да се издвојат средства за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико.
– Го одбив. Тоа не ме интересира. Сакам да се реши спорот, а не само да се одлага. Само сакам да се реши тоа, изјави Трамп запрашан за коментар за предлогот на Грахам.
Сенаторот Грахам во неделата му предложи на Трамп да прифати деблокада на федералната влада за период од три недели, доколку демократите во Конгресот покажат подготвеност да преговараат за издвојување средства за изградба на ѕидот.
– Ако не успееме да го решиме спорот за три недели, мораме да видиме дали (Трамп) може да го стори тоа со своите претседателски овластвања. Тоа е моја препорака, изјави Грахам.
Трамп инсистира од буџетските средства да бидат издвоени 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, како услов за да го одбри боџетот за оваа година. Меѓутоа, демократите во Конгресот се противат на ѕидот и одбиваат во буџетот да има ставка на средства за неговата изградба. Ова доведе до делумна блокада на државната администрација веќе 24 дена, при што околу 800.000 државни службеници, меѓу кои и пресоналот на Белата куќа, се или на принуден одмор или работат без плата.
Трамп досега во неколку наврати најавуваше дека има законски овластувања да го донесе буџетот по негов терк и без одобрение на Конгресот. но вчера изјави дека не е заинтересиран да ги користи своите надлежности за да овоможи изградба на ѕидот.
Демократите од друга страна најавија дека доколку Трамп се обиде да го заобиколи Конгресот при усвојување на буџетот, тие ќе преземат „законска акција“ против него.
Според анкетата на „Вашингтон Пост“ и „Еј-Би-Си Њуз“, мнозинството Американци за блокадата го обвинуваат Трамп, а само 29 отсто сметаат дека за кризата се виновни демократите.