Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД не се покажа добро во улога на меѓународен арбитер и не успеа да ја зајакне глобалната безбедност.

– Мислам дека многу луѓе согледаа дека овој дијалог на САД со Русија е деструктивен и како Америка сама себе се турка во агол и тоа за повеќе меѓународни прашања, посочи Захарова.

Таа додаде дека Вашингтон со своите постапки покажа дека е неуспешен во улога на меѓународен полицаец, а тоа е лоша вест за сите.

– Западните земји сакаат САД да бидат гарант на меѓународната безбедност. Но, ние сме сведоци на целосен неуспех на САД на тој план, истакна Захарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 13:00