Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од Иран што побргу да ги повлече силите од соседна Сирија или ќе се соочи со континуирани напади од Израел.

– Вчера слушнав од портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи дека „Иран нема воено присуство во Сирија, ние сме само советници“. Па, пуштете ме мене да ги посоветувам – бегајте оттаму што побргу можете, бидејќи ние ќе продолжиме со нашата одлучна политика за напад, како што и ветивме, бестрашно и немилосрдно, изјави Нетанјаху на церемонија во Тел Авив на која е именуван нов командант на израелските воени сили.

Тој додаде дека Израел стотина пати ги нападнал иранските и целите на Хезболах во Сирија.

Техеран негира дека негови регуларни трупи учествуваат во конфликтот во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 14:02