Основачот на „Амазон“, Џеф Безос (54), чие богатство е проценето на 140 милијарди долари, ќе мора половина од сето тоа да ѝ препушти на својата сопруга Мекензи, бидејќи немале предбрачен договор, а сега се разведуваат поради негово неверство.

Имено, пред извесно време е откриено дека Безос се допишувал со водителката Лорен Санчез, ѝ изразувал љубов, ѝ праќал свои голи фотографии и ѝ ветувал дека „нема да биде нежен”.

Тој меѓу другото и патувал со љубовницата, а гласините говорат дека Мекензи го насетила тоа кога го видела нејзиното име на негов патнички документ.

Некои пораки пак, како и фотографиите биле толку „сочни“, што и некои таблоиди сѐ уште не сакаат да ги објават. Водителката наводно, ги проследувала пораките до пријателки, па така тие ѝ станале достапни на целата јавност.

Мекензи и Џеф беа во брак 25 години и имаат четири деца – три сина и посвоена ќерка од Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 01:09