ЕУ се очeкува денеска да донесе одлука за воведување „конечни заштитни квоти“ за увоз на челик во земјите членки.

Одлуката за воведување на квоитете се носи врз основа на резултатите од истргата што Европската комисија ја покрена во март 2018 година, по што лани во јули беа воведени „привремени заштитни мерки“ со цел да се заштити челичната индустрија во ЕУ по едностrаното воведување на царини од страна на САД за увоз на челик и алуминиум.

Претставник на Европската комисија соопшти дека доколку денеска биде прифатен предлогот за воведување на квотите за увоз на челик, нивната примена ќе започне од следниот месец.

Со предлогот на Еврокомисијата се предвидува квотите да важат за период од три години и ќе се однесуваат на 26 категории на челични производи.

Во случај на измена на околкностите кои доведоа до воведување на квотите, тие би можеле да бидат преразгледани и променети и пред истекот на рокот за кој се воведени.

Главни извозници на челик во ЕУ се Кина, Индија, Русија, Јужна Кореја и Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 12:43