Европската унија усвои рекорден начелен буџет од 1,6 милијарди евра за хуманитарната помош во 2019, најави Европската Комисија.

Овој рекорден износ се должи на бројните конфликти во светот, пред сѐ во Африка и на Блискиот Исток, но е последица и на сѐ позначајните хуманитарни последици од климатските промени. Буџетот оваа година е десет пати поголем од оној во 2015 година, најави ЕК.

Најголемиот дел од фондовите ќе бидат наменети за кризата во Сирија и за сириските бегалци во соседните земји како и за војната во Јемен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 18:01