Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави оглас за работа во британскиот неделник „Економист“, во кој бара влијателни, патриоти професионалци од различно потекло, со животно искуство“.

Успешните кандидати треба да и „служат на САД со спроведување на мисијата на Агенцијата како прва линија на одбрана на нацијата“.

– Ние сме заинтересирани за кандидати кои се на располагање за полно работно време, скратено работно време и консултантски можности и дома и во странство, пишува во огласот.

Во него се наведува дека е наменет за „интелигентни, љубопитни авантуристи кои бараат неспоредлива меѓународна можност за големо влијание“.

Огласот е објавен на 10 јануари 2019 година, а ќе трае до 14 јануари 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 19:12