Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 35-годишна прилепчанка, поради производство и продажба на штетни лекови.
Како што информираат од МВР, на 20.07.2018 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Прилеп и пронашле 281 лента со таблети „Трамадол“ од 50 милиграми.