Откако британскиот Парламент го отфрли Договорот за Брегзит, неизбежно треба да следи одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ, оцени поранешниот британски премиер Тони Блер.

– Тоа сега практичено е неизбежно… Да сум јас сега Влада, веќе би разговарал со Европа за условите за одлагање, изјави Блер за Би-Би-Си.

Според него, евенталното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор за идните меѓусебни односи, би и нанело значителни штети на британската економија.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа, откако Парламентот и изгласа доверба на нејзината Влада, ги повика лидерите на парламентарните партии на разговори за излез од ќорсокакот по отфрлањето на договорот, нагласувајќи дека политичарите треба да ги остават на страна своите лични интереси.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 11:20